ПРЕДИЗВИК И МОТИВАЦИЈА ЗА ВАС ДА ДОНИРАТЕ

Што вас како фирма или индивидуално лице треба да ве поттикне или да ве мотивира да се вклучите во нашата работа и да станете верен подржувач или донатор?


Доколку сте фирма (деловен субјект)

Вклучувајќи се во нашата работа станувате општествено одговорна фирма, создавате можност за долгорочна соработка со нас, градите имиџ пред јавноста на фирма која се грижи за животната средина. Добивате реклама од наша страна како наши партнери, се зголемува довербата од страна на јавноста во вашата фирма, како и можност за зголемување на профитот.


Доколку сте индивидуално лице

Вклучувајќи се во нашата работа станувате личност која се грижи за животната средина, ви се отвора можност да дадете свој придонес во развојот на заедницата, можност за зголемување на бројот на пријатели, посета на еколошки чисти места.


СТАНЕТЕ НАШ ПОДРЖУВАЧ ИЛИ ДОНАТОР

Еколошкото Друштво „Планетум“ како респектабилна НВО којашто ужива углед пред граѓаните на општина Струмица е отворена за нови подржувачи и донатори.

Ако сакате да станете наш подржувач или донатор:
Тоа може да го направите на повеќе начини:

Planetum - Со волонтерски труд од твоја страна (ако си индивидуалец) или пак од страна на вашите вработени (ако сте фирма).


Planetum - Со донирање сопствени материјални средства (ако сте индивидуалец) или со материјални средства со кои располага вашата фирма (ако сте фирма);


Planetum - Со донирање на финасиски средства. (Листа на донатори)



За подетални информации обратете се на:
ул: 22 Декември бб 4 у.з.
2400 Струмица
е-mail:contact@planetum.mk